Стојкоски: Улицата Воин Драшкоци и патот Волково – Кучково меѓу 𝟤𝟦-те одобрени проекти со поддршка од Владата

Стојкоски: Улицата Воин Драшкоци и патот Волково – Кучково меѓу 𝟤𝟦-те одобрени проекти со поддршка од Владата

пред 10 месеци

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, ги истакна двата најзначајни инфраструктурни проекти од вкупно 24 кои добија поддршка од Владата на Република Македонија и Министерството за локална самоуправа, преку Програмата за рамномерен регионален развој.

Проектите се со вкупна вредност од над 58 милиони денари и се од суштинско значење за локалниот развој на општината.

„Улицата „Воин Драшкоци“ во Хром – ќе биде реконструирана во должина од 1 километар, со ширина од 7 метри, која за прв пат ќе добие и атмосферска канализација, со што значително ќе се подобрат условите за жителите од овој дел на населбата.

– Патот Волково – Кучково – се реконструира и проширува со цел да добие современ и безбеден изглед. Овој патен правец е од голема важност за мештаните, земјоделците и сите кои секојдневно гравитираат кон овој потег“, се наведува во соопштението на Општината.

„Горди сме што во вкупната поддршка од Владата за проекти во локалната самоуправа се вклучени и два значајни проекти за Ѓорче Петров“, изјави Стојкоски.

Се грижиме, како што рече, за секое населено место и инвестираме таму каде што реално е најпотребно.

Текстот Стојкоски: Улицата Воин Драшкоци и патот Волково – Кучково меѓу 𝟤𝟦-те одобрени проекти со поддршка од Владата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top