Стружанец почина за време на пожар во својот дом

пред 3 години

Шеесет и седумгодишен стружанец почина за време на пожар во својот дом.

„А.К.(67) од Струга е пронајден починат во својот дом. При увидот, извршен од Јавен обвинител и полициски екипи, било констатирано дека во собата каде бил пронајден А.К. претходно настанал пожар, кој не се проширил во другите простории и сам се изгаснал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција“, велат од МВР.

Share
Scroll to Top