Студентите кои користат бесплатен јавен превоз од 1-ви април мора да имаат заверен билет

пред 3 години

Почнувајќи од утре, четврток (1 април) сите студенти кои ги исполнуваат условите за користење на годишен студентски билет за бесплатен јавен превоз треба да поседуваат уредно заверен (продолжен) билет за 2021 година.

„Во спротивно, во случај на линиска контрола, ќе им биде издаден записник за казна. Во замена на билет не се признаваат индекс, потврда за студент и слично“, информираат од ЈСП од каде додаваат дека денеска (31 март) истекува рокот за продолжување на важноста на посочениот тип на билет.

Од ЈСП потсетуваат и дека заради актуелната ситуација со Ковид-19 излегле во пресрет на студентите и нивните матични факултети и овозможиле речиси 5 месеци за продолжување на билетот.

Share
Scroll to Top