Студот попушта, во наредните денови температурите ќе растат

пред 3 години

Наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Само на североистокот претпладне ќе има услови за појава на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој по должина на  Повардарието краткотрајно ќе засилува. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во вечерните часови и преку ноќта во северните и источните делови ќе има појава повремен слаб снег. Услови за слаб снег ќе има утре на крајниот североисток, особено претпладне. Потоа следува период на доста тивко и повремено сончево време во кој температурите ќе бидат во пораст. Така в петок утринските температури само на места ќе се спуштаат под -10 степени. За време на викендот и в понеделник температурите преку денот ќе бидат насекаде над нулата и ќе има услови за појава на утринска магла по котлините.

Share
Scroll to Top