„Судот – мафија“ извика таткото на Фросина, Тодор Кулаков, по изрекувањето на пресудата за Васил Јованов.
На 20-годишниот Јованов, кој смртно ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин, денес судот му изрече затворска казна од 12 години.
Tој на 29 јануари, без возачка дозвола, управуваjќи возило со брзина од 91 километар на час под дејство на алкохол, на пешачки премин удри во Фросина Кулакова, која ја минувала улицата на зелено светло. Кулакова од силината на ударот почина на самото место.
Текстот Судот – мафија!, извика таткото на Кулакова по пресудата од 12 години затвор за Јованов е превземен од МАКФАКС.