Таравари влегува во трка за претседател, собра 10.000 потписи

Таравари влегува во трка за претседател, собра 10.000 потписи

пред 3 месеци

Кандидатот на опозициските партии на Албанците, Арбен Таравари, е вториот од вкупно единаесетте кандидати кој досега успеа да ги собере потребните потписи за влез во претседатеската трка. Тој на својот „Фејсбук“ профил објави дека ги собрал потребните 10 илјади потписи.

„Благодарам на секој од вас што во рекордно време ја потпишавте мојата кандидатура за претседател! Целата оваа кампања нека биде наменета за вас“, пишува Таравари во објавата на Фејсбук.

Претходно, кандидатот на ДУИ, Бујар Османи објави дека ги собрал сите 10.000 потписи за кандидатура.

Текстот Таравари влегува во трка за претседател, собра 10.000 потписи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top