Тепачка меѓу гости во скопско кафуле, едниот од нив посегнал по пиштол

пред 3 години

Во скопската полиција во вечерните часови на 16 септември бил пријавен инцидент кој се случил во угостителски објект.

Според пријавата, по претходна расправија, А.Ш.(24) и И.Ш.(53), двајцата од скопското село Љубин, биле нападнати од М.Р., Х.Р. и уште две лица.

Еден од напаѓачите наводно и со пиштол му се заканил на А.Ш.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Share
Scroll to Top