Во скопската полиција, вчера било пријавено дека пред трговски центар на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир.
Како што информираат од МВР, пред трговскиот дошло до физичка пресметка помеѓу Е.С.(30), А.С.(35), женските лица И.З.(55), М.Ќ.(41), С.М., Л.Д.(55) и две малолетнички, од една страна и Б.Х.(41) од друга страна, сите од Скопје.
Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.