Теута Арифи го призна поразот во Тетово, градоначалник ќе биде Касами

пред 3 години

Кандидатката на ДУИ за градоначалничка на Тетово, Теута Арифи го призна поразот на локалните избори.

Таа на прес-конференција кажа дека не успеала да го добила мандатот, и оцени дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера. Му посака успех во работата на нејзиниот противкандидат, Биљал Касами од БЕСА.

Касами има убедливо водство во Тетово, според досега пребројаните гласови на Државната изборна комисија.

Тој води со 57,99 проценти од пребројаните гласови, наспроти Арифи која има 36,69 отсто.

Share
Scroll to Top