Тешко повредена велосипедистка по удар од автомобил во Гостивар

пред 5 години

Педесет и шестгодишна женае тешко повредена, кога автомобил удрил во нејзиниот велосипед, додека таа го возела вчера на бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар.

Според информациите, автомобил патничко моторно возило „бмв“ со пробни регистарски ознаки, управувано од В.А.(39) од Гостивар, удрило во велосипед управуван од В.Ј.(56) од Гостивар. Во незгодата велосипедистката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Share
Scroll to Top