Синоќа во 22.40 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека на регионалниот пат во с.Туралево, кратовско, на место викано „Блокови“, патничко моторно возило „застава југо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(51) од с.Филиповци, кратовско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица Кратово.