Тешко повреден мотоциклист од тетовско, излетал од патот

пред 2 години

21-годишен мотоциклист од тетовско се стекнал со тешки повреди откако со мотоциклот излетал надвор од патот, информира полицијата.

Имено синоќа во 19.00 часот било пријавено дека во Тетово, на локалниот пат с.Д.Лешница – с.Г.Лешница мотоцикл „крос“, без регистарски ознаки, управуван од Ш.А.(21) од с.Палатица, излетал надвор од патот.

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, конастатирани во Клиничкиот центар Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Share
Scroll to Top