Тешко повреден пешак од Битола откако во него удрил автомобил

пред 2 години

Во Битолската полиција вчера во 10.10 часот било пријавено дека на бул.„1 Мај“ во Битола, патничко возило „опел астра“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(37) од Битола, удрило во пешакот М.Р.(56) од Битола.

М.Р. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Битола.

Share
Scroll to Top