Тешко повреден полицаец на патот Радовиш – Штип

пред 4 години

Во попладневните на 6 ноември било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Штип, автомобил „пежо“, со скопска регистрација, управуван од 50-годишниот Н.Л.С. удрил во полициски службеник од Пробиштип на возраст од 23 години.

Како што информираат од МВР, полицаецот извршувал работни задачи за контрола и регулирање на сообраќај.

Во незгодата тој се здобил со тешки повреди, констатирани во Клиничката болница во Штип.

На местото на незгодата бил извршен увид од екипа од СВР Штип, во присуство на Јавен обвинител.

Share
Scroll to Top