Тешко повреден 36-годишен маж при шумска сеча

пред 3 години

При сеча на опожарени дрва со тешки повреди се здобил 36-годишен жител на селото Долно Јаболчиште.

Според информациите, несреќата се случила на 27.01.2022 околу 11.30 часот на место викано „Дервен“, на шумска парцела во атар на с.Умлена, пехчевско, при сеча на опожарена дрвна маса.

Џ.М. бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.

Share
Scroll to Top