ТИРЗ: Со проверка на исплати на јавни средства го штитиме интересот на граѓаните

пред 4 години

Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони повторно реагира и најостро ги демантира наводите на политичката партија ВМРО ДПМНЕ која продолжува да повторува веќе изнесени невистини поврзани со работата на ТИРЗ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Од ТИРЗ посочуваат дека целта на договорот за „Мониторинг на државна помош“ е да се спроведе внимателна и детална проверка на сите барања за исплата на државна помош токму за да се осигура заштита на јавниот интерес и парите на граѓаните.

Токму преку Дирекција за ТИРЗ, Владата минатата година обезбеди рекордна државна поддршка за компаниите во висина од 720 милиони денари, а трошокот за ангажман на меѓународната ревизорска куќа Прајсвотерхаус Куперс која ги мониторираше исплатите се под 1% од оваа сума.

Во компаниите во ТИРЗ само во изминативе 12 месеци се креирани околу 1000 нови работни места, за првпат платите во Зоните се 3% над националниот просек, а компаниите во буџетот уплатиле над 2 милијарди денари само по основ на данок на плати и надоместоци, како и социјални осигурување, што е за 12% повеќе од претходната година. Она што охрабрува е дека ваквиот позитивен тренд продолжува и годинава во услови на глобална политичка и економска криза.

Оттука е јасно дека со воведување на вакви механизми ТИРЗ работи единствено во заштита на јавниот интерес. Затоа е нејасно чиј интерес застапува политичката партија ВМРО ДПМНЕ и зошто и кому му пречи проверката на барањата за исплата на државни средства, се вели во демантот од ТИРЗ.

Share
Scroll to Top