Тошковски бара поефикасен одговор од институциите, а тој води институција, велат од СДСМ

Тошковски бара поефикасен одговор од институциите, а тој води институција, велат од СДСМ

пред 8 часа

Тошковски бара поефикасен одговор од институциите, а тој води институција. Панче Тошкоски самиот на себе си покажа дека треба да си даде оставка, велат од СДСМ.

„Денеска вели дека ‘потребен е поефикасен институционален одговор’ за спречување на семејното насилство. Па кој ја води една од најголемите институции – МВР? Опозицијата? Или Панче Тошковски? Од кого бара поефикасен одговор Тошковски? Од себе? До толку бега од одговорноста што како да е опозиционер, спремен е од самиот себе си да бара поефикасен одговор само да не даде оставка. Уште колку жртви, уште колку случаи треба трагично да завршат за Панче Тошковски да си поднесе оставка? Проблемот почнува од врвот. Рацете ви се крвави! Оставка!“, пишува во реакцијата.

Текстот Тошковски бара поефикасен одговор од институциите, а тој води институција, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top