Тошковски на средба со Бубевски: во фокусот потребата од високо ниво на институционална соработка  за гонење на криминалот

Тошковски на средба со Бубевски: во фокусот потребата од високо ниво на институционална соработка за гонење на криминалот

пред 3 месеци

Денес, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оствари средба со Гаврил Бубевски, шефот на Основно јавно обвинителство – Скопје.

На средбата се разговараше за тековните активности и потребата од високото ниво на институционална соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и ОЈО Скопје како две најодговорни институции во контекст на гонење на криминалот независно од тоа што во моментот е техничката Влада задолжена за спроведување избори.

Исто така, од страна на Тошковски беше потенцирана заложбата за обезбедување на фер и демократски избори, па во таа насока МВР и ОЈО Скопје треба да бидат гаранција за безбедноста на изборите, кои нѐ очекуваат, и сите противзаконски активности насочени кон рушење на кредибилитетот на изборниот процес да бидат соодветно санкционирани во согласност со законот, информираат од кабинетот на Тошковски.

Текстот Тошковски на средба со Бубевски: во фокусот потребата од високо ниво на институционална соработка за гонење на криминалот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top