Трактор и автомобил се судрија кај Арачиново – загина трактористот, повредени се неколку лица

пред 3 години

Тракторист загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во атарот на селото Арачиново, на регионалниот пат Скопје-Куманово.

Тракторот управуван од С.С. (62) се судрил со автомобил управуван од М.М. (28).

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што околу 21:10 часот им подлегнал на повредите, информираат од полицијата.

Со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило, сопатничката од истото возило Е.М.(24) од с.Арачиново и уште двајца малолетни сопатници од возилото, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top