Трајанов: Изборот на судии на Уставен суд е без критериуми

пред 2 години

На прес-конференција во врска со изборот на судии на Уставниот суд, Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз нагласи оти партијата смета дека треба да се создадат услови за работа на Уставниот суд, преку избор на судии, но тоа треба се одвива во транспарентна постапка и утврдени критериуми.

„Нема конкурс или барем јавна објава за избор на судии, за да можат заинтересираните да се пријават. Нема постапка кои кандидати и како ги утврдува и предлага Судскиот совет, Комисијата за избори и именување при Парламентот и Претседателот на Македонија. Досега повеќето од судиите се предлагаат од партиите, при што изборот првенствено зависи од партиите кои го прават парламентарното мнозинство“, посочи Трајанов.

Според него, Уставниот суд во изминатите триесет години функционираа под притисок и диктат на партиите, поради што се неопходни промени при изборот и истиот да се одвива во транспарентна постапка и врз основа на цврсти и јасни критериуми.

„За поставеноста и работата на Уставниот суд треба да се донесе закон, а не тој да работи врз основа на деловник“, нагласи претседателот на ДС.

Share
Scroll to Top