Тренчевска: Во создавањето идни социјални услуги, значајна улога имаат демографските податоци во една држава​

пред 2 години

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во рамки на министерската конференција во Рим, Италија реализираше средба со директорката на Регионалната канцеларија на Фондот за население на ОН (УНФПА), г-ѓа Џулија Валезе, на која уште еднаш беше потврдена одличната соработка на бројни проекти со оваа организација. Како дел од позначајните се вбројуваат отворање кризни центри за жени кои биле сексуално злоупотребувани, проектите со имплементација на Истанбулската конвенција, како и создавање механизми за заштита на жените од насилство.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Министерката истакна дека соработката продолжува и на новиот проект за демографска статистика.
„Многу идеи, средства и труд се вложуваат во демографските политики во Северна Македонија. Како и во заштитата на возрасните во државата. Пописот спроведен во 2021 година покажа дека имаме голем процент на возрасна популација и дека демографските податоци станаа еден од основните принципи за создавање идни социјални услуги кои ќе ги примаат граѓаните. Како дел од Законот за социјална заштита, со поддршка на Светска банка, 22 општини добија поддршка за имплементација на социјалните услуги за помош и нега во домовите на возрасните, но и на лицата со попреченост,“ рече Тренчевска.

Таа напомена дека наскоро ќе биде објавен нов повик за доставување понуди за имплементација на вакви услуги во други општини со цел да се зголеми опфатот на ранлива категорија граѓани кои добиваат бенефиции од децентрализирани услуги.

Министерката истакна дека во Северна Македонија, после 20 години се спроведе попис кој ја покажува демографската структура на населението. Важноста на овие податоци, рече Тренчевска, е клучна во креирањето стратегии, особено во системите за социјална заштита, но и во законодавството, животниот стандард и планирањето на идните активности. Оттука и важноста да да се инвестира во Државниот завод за статистика, и во сите институции како што е Министерството за труд и социјална политика, кои се едни од клучните актери во процесот на прибирање информации, но и нивната достапност и дистрибуција.

Соговорничките разговараа и за законските решенија донесени изминатиов период кои имаат за цел заштита на основните човекови права и унапредување на положбата на сите граѓани. Како што се Законот за спречување и заштита од дискриминација, усвојувањето на Стратегијата за еднаквост и недискриминација 2022-2026 год., и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Со цел спроведување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство работна група составена од претставници на институции, здруженија на граѓани и експертска поддршка на УНФПА, во рамки на проектот финансиран од Британската амбасада, подготвува подзаконски акти и програми потребни за спроведување на Законот.

Share
Scroll to Top