Тренчевска – Хенрик Маркуш: Продолжува добрата соработка

пред 2 години

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со Амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш. На средбата се разговараше за предизвиците во однос на случајот со Центарот за социјална работа во Тетово.

„Во однос на изнаоѓање на решенија за предизвиците со кои се соочивме во изминатиот период ќе овозможиме вклучување на релевантните фактори во процесот и ќе работиме паралелно со различни институции за да направиме споредби во извршената работа. На ваков начин ќе најдеме решение кое ќе оди во прилог на сите чинители “, рече Тренчевска.

Министерката истакна дека насоките ќе бидат дадени од страна на експертите во министерството со кој што ќе се постапува согласно законските одредби како и досега.

„Соработката со Словачка е од исклучителна важност за нас. Досегашната наша соработка со Твининг Проектот за Преглед на националното трудова законодавство се покажа како плодна. Позитивната агенда е наш приоритет, задоволни сме од соработката и затоа ќе продолжиме активно со состаноците со кои ќе ја продлабочиме истата.“ додаде Тренчевска.

Двете страни се заблагодарија за можноста која беше укажана за остварување на средба во пријатно и пријателско окружување.

Share
Scroll to Top