Трет викенд по ред недела е неработен ден

пред 2 години

Трет викенд по ред недела е неработен ден за 92 отсто од сите работниците.

Законското решение предвидува оние што ќе бидат ангажирани во дејностите кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати, да добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница за работа во недела и слободен ден кој ќе можат да го искористат во наредните седум дена. Вработените во трговските центри, односно моловите, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100 проценти.

Од СДСМ велат дека целта е обезбедување на заштита на работничките права и поголеми дневници.

Со недела неработен ден, како што додаваат од партијата, се слеваат два отсто повеќе даноци кои ќе завршат во посебен фонд од кој ќе се инвестира во изградба на детски градинки.

Share
Scroll to Top