Три дена изменет сообраќаен режим во Скопје поради посетата на албанскиот претседател

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 10, 11 и 12 јануари (понеделник, вторник и среда) во официјална посета на државата ќе престојува претседателот на Албанија, Илир Мета.

МВР во текот на тие денови ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на главниот град.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.

Share
Scroll to Top