Вчера во 06.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улиците „Тодор Александров“, „Славејко Арсов“ и „Салвадор Аљенде“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“, управувано од Ш.Б.(19) од Скопје и патничко возило „рено меган“, управувано од М.Б.(52) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „фолксваген“, А.Џ.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.