Три лица уапсени по претрес на возило, полицијата ги стопирала а тие одбиле да застанат

пред 3 години

Три лица биле уапсени синоќа околу 01.30 часот по полноќ на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај Тајмишка крстосница откако претходно не застанале на предупредувањето од страна на полицијата, а подоцна во автомобилот биле пронајдени приротехнички сретства, солзавеци фантомка, информираат надлежните.

Според информации од таму, полициски службеници од полициската станица Кичево ги лишиле од слобода Ј.М.(31) од Куманово, И.П.(34) од с.Калиште, пробиштипско и М.Б.(49) од с.Прждево, демиркаписко, затоа што со возило „Мерцедес“, кое го управувал Ј.М., не застанале на знак за запирање од полициски службеници и затоа што при преглед во возилото биле пронајдени и одземени повеќе различни видови пиротехнички средства.

Додека при нивен преглед, кај И.П. бил пронајден солзавец и капа „фантомка“.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по Законот за оружје и по член 206 од Кривичниот законик.

Share
Scroll to Top