Три малолетнички повредени во сообраќаjна несреќа во Скопје

пред 3 години

Во СВР Скопје вчера во попладневните часови била пријавена сообраќајна незгода на крстосница од булеварот „Босна и Херцеговина“ и сервисна улица.

Како што информираат од МВР, во инцидентот учествувале возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т. (19) од Скопје, и два автомобила „ауди“ со скопски регистарски ознаки управувани од Ј.Д. (29) и Ф.С. (56) од Скопје, по што удриле во тројца пешаци.

Во несреќата со тешки телесни се здобилa малолетничка-пешак, а со повреди се здобиле уште две малолетнички-пешаци, како и возачите Ј.Д. и Д.Т., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“, градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и градската општа болница „8-ми Септември“.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје.

Share
Scroll to Top