Тројца повредени во судир на мопед и велосипед

пред 3 години

Тројца повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на ул.„Браќа Хаџи Тефови“ во Кавадарци помеѓу мопед управуван од З.З.(35) од Кавадарци и велосипед управуван од малолетник од Кавадарци.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и малолетничка која се превезувала на велосипедот, а со телесни повреди се здобил возачот на велосипедот, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци.

Share
Scroll to Top