Без лекарско уверение тројца тетовци управувале автобуси и биле затекнати на граничниот премин Табановце. Едниот од нив не поседувал ниту сертификат за професионален возач за меѓународен превоз на патници и стока.
Од МВР информираат возачите без документацијата биле затекнати во два автобуса кои синоќа биле стопирани за контрола.
„На 23.12.2021 во 20:10 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при контрола во автобус на превозно претпријатие од Тетово, констатирале дека возачот Ш.А.(56) од Тетово не поседувал лекарско уверение. Исто така, во 23:10 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле контрола во автобус на превозно претпријатие од Данска. При контролата било констатирано дека едниот возач Б.Ш.(36) од Тетово не поседувал лекарско уверение, а другиот возач Б.С.(42) од Тетово не поседувал лекарско уверение и сертификат за професионален возач за меѓународен превоз на патници и стока“, соопшти полицијата.
Лицата и документите биле предадени на Царинската управа за понатамошна постапка.