Тупанчевски во посета на кумановскиот затвор

пред 2 години

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска беше во посетата во затворот Куманово. Тој беше информиран од директорот Ненад Цветковиќ за состојбата во оваа казнено поправна установа, условите на издржување затворска казна, проблемите со кои се соочуваат вработените.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Станува збор за установа од полуотворен вид со капацитет од 250 лица во чии рамки функционира и отвореното одделение во Крива Паланка.

Министерот Тупанчески се сретна и со претседателот на Основниот суд Куманово, Снежана Манев а го посети и ОЈО каде разговараше со Основниот јавен обвинител Теута Бедиу Рамадани. На средбите министерот беше информиран за состојбите во овие институции а на вработените им беше порачано дека Министерството за правда преку реформите во судството се грижи за унапредување на нивните права . Доказ за тоа е сетот од 4 закони кои Владата неодамна ги усвои а со кои се зголемуваат платите за 15 отсто, информираа од Министерството за правда.

Share
Scroll to Top