„Туристичката населба Претор без вода за пиење, одговорност мора да има“, велат од партијата Левица

„Туристичката населба Претор без вода за пиење, одговорност мора да има“, велат од партијата Левица

пред 2 години

„Во екот на сезоната, туристичката населба Претор се соочува со недостиг на вода за пиење. Трагично е тоа што оваа населба неколку пати немала ниту техничка вода. Срамота е да потсетуваме дека водата е еден од основните услови за живот и дека на овој начин наместо да се развива туризмот се повеќе се уништува“, велат од партијата Левица.

„Минатата година лидерот на партијата Мицкоски и градоначалникот Тозиевски се сликаа и се пофалија со изведба на новиот проект, поставување на нов резервоар за вода и тврдеа дека проблемот е решен. Парите се потрошени, а проблемот останува.

Дали ова беше уште едно празно ветување пред парламентарните избори. Граѓаните заслужуваат отчет за потрошените средства. Мора да има ефективност и резултати од изведените проекти а не само слики

Левица апелира до надлежните институции да се направи целосна ревизија на проектот. Потребно е трајно решение на проблемот“, соопштуваат од партијата Левица.

Текстот „Туристичката населба Претор без вода за пиење, одговорност мора да има“, велат од партијата Левица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top