Туристичкиот сектор бара исплата на платите ветени за месец февруари

пред 4 години

Туристичкиот сектор бара исплата на платите ветени за месец февруари, а одлуката како што потсетуваат од таму сеуште не е помината во Собрание.

Тие бараат помошта со исплата на плати да продолжи до моментот до кога истата ќе биде потребна, како и финансиска помош за опстанок и ликвидност на компаниите.

„И по една година падот на промет во туристичките агенции е 90%, туристичките водичи седат дома, а автобусите на превозниците се паркирани и хотелите празни. Дали ова кажува дека секторот има потреба од помош“, потсетуваат од туристичкиот сектор.

Од таму велат дека со затворањето на границите, заострувањето на мерките, немањето вакцини, секторот стравува од неможноста за работа и оваа летна сезона.