Турски државјанин обвинет за употреба на фалсификуван пасош

пред 3 години

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против 65-годишен државјанин на Република Турција, кој се гони за кривично дело – Фалсификување исправа.

На 27 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, осомничениот употребил како вистинска лажна турска службена патна исправа. Дека пасошот не е оригинален утврдиле овластени службени лица при контрола на аеродромот.​​

Share
Scroll to Top