Турски државјанин со лажен ПЦР тест сакал да излезе од државава преку скопскиот аеродром.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против државјанин на Турција, осомничен дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа.
Обвинетиот 32-годишник, на 17 февруари на Меѓународниот аеродром – Скопје, при пријава за излез од државава, употребил ПЦР тест. На сертификатот стоело дека е издаден од една лабораторија во Скопје, иако обвинетиот знаел дека воопшто не се тестирал.
При проверка службите утврдиле дека таа лабораторија не го издала сертификатот, односно дека сертификатот е фалсификуван.