Турски државјанин фатен со лажен ПЦР тест на скопскиот аеродром

пред 3 години

Турски државјанин со лажен ПЦР тест сакал да излезе од државава преку скопскиот аеродром.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против државјанин на Турција, осомничен дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа.

Обвинетиот 32-годишник, на 17 февруари на Меѓународниот аеродром – Скопје, при пријава за излез од државава, употребил ПЦР тест. На сертификатот стоело дека е издаден од една лабораторија во Скопје, иако обвинетиот знаел дека воопшто не се тестирал.

При проверка службите утврдиле дека таа лабораторија не го издала сертификатот, односно дека сертификатот е фалсификуван.​

Share
Scroll to Top