Уапсени двајца скопјани, фатени додека краделе

пред 3 години

Две лица од Скопје се приведени откако вчера биле затекнати од полицијата додека краделе во круг на фирма во Гази Баба.

Според полицијата вчера околу 15.30 часот во круг на фирма на подрачјето на Гази Баба од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба биле лишени од слобода Е.А.(29) и Л.А.(23), двајцата од Скопје.

Постапувајќи по пријава, тие биле фатени веднаш по извршено кривично дело тешка кражба во деловниот субјект и кај нив се најдени украдените предмети , кои се одземени и вратени на сопственикот.
Двете лица се приведени и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје, по документирање на материјалот против нив ќе биде поднесена пријава по чл.236.ст.1.од Кривичниот законик.

Share
Scroll to Top