Уапсени 11 жени во угостителски објект во Тетово, се сомнева дека се вмешани во трговија со луѓе

пред 3 години

Денеска околу 03.15 часот полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објект во тетовско Желино, сопственост на 49-годишниот З.С. од ова село.

При контролата биле затекнати и лишени од слобода 11 женски лица ( 6 странски државјанки – 5 од Република Албанија и 1 од Република Србија и 5 наши државјанки) поради сомнение за нивна инволвираност во кривично дело трговија со луѓе, соопштија надлежните.

По лишувањето од слобода, 11-те женски лица на возраст од 27 до 45 години биле задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.

Share
Scroll to Top