Уапсен албански државјанин на скопскиот аеродром со фалц италијански документи

пред 3 години

Изутринава во 02.45 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром“- Скопје од полициски службеници бил лишен од слобода Р.T.(33) од Република Албанија, со фалсификувана италијанска лична карта. При преглед на неговиот багаж била пронајдена албанска лична карта со исти податоци, а по извршен разговор пријавениот изјавил дека италјанската лична карта е фалсификувана и дека ја купил во Албанија. Тој е предаден на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Share
Scroll to Top