Тетовската полиција, врз основа на судска наредба, денеска (12 март) извршила претрес во домот и помошните простории на Б.Џ. (44) во тетовска Долна Лешница.
Како што информираат од МВР, при претресот биле пронајдени и одземени за вештачење околу 13 илјади евра во апоени од 50 и 20 евра, 250 швајцарски франци, 40 кувајтски динари, поради основи на сомнение дека се фалсификувани.
Покрај сомнителните банкоти, пронајдени биле и обрасци за дозволи за престој во Швајцарија, заштитни маркички за фалсификување на пари, хартија за фалсификување на пари и други документи.
44-годишникот бил уапсен и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за кривично дело „фалсификување пари“.