Удавен маж пронајден во водите на Пчиња, претходно бил пријавен за исчезнат

пред 3 години

Во близина на мостот на автопатот Велес-Катланово, во водите на реката Пчиња, вчера бил пронајден починат 73-годишен маж.

Според информациите од МВР, се работи за жител на Катланово, со иницијали С.П. кој на 20 јануари бил пријавен за исчезнат.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција.

Share
Scroll to Top