Улична трка во чест на Денот на ослободување на Куманово

Улична трка во чест на Денот на ослободување на Куманово

пред 3 часа

Во чест на Денот на ослободување на Куманово – 11 Ноември, денеска се одржа традиционалната улична трка, во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт. На трката низ улиците на централното градско подрачје учествуваа над 500 ученици од општинските основни и средни училишта.

По завршувањето на оваа масовна спортска манифестација, секретарот на Општина Куманово Емилија Сларидис Јаневска и раководителите Јовановиќ и Крстевски на најдобрите натпреварувачи, кои ги освоија првите три места во двете категории, им доделија медали, дипломи и маици, како признание за спортскиот дух и ангажман.

Текстот Улична трка во чест на Денот на ослободување на Куманово е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top