Уништена фонтаната „Печурка“ во Ново Лисиче која е во фаза на реконструкција

пред 3 години

Вандалски е уништена фонтаната „Печурка“ што се наоѓа во населбата Ново Лисиче, а која деновиве е во фаза на реконструкција. Непознати сторители ги искршиле новозалепените мозаични плочки на фонтаната и нанеле штета во висина од 33.000 денари, а случајот веднаш е пријавен во полиција.

Општина Аеродром го осудува вандалскиот чин и апелира до граѓаните да не ги оштетуваат јавните површини.

„Општина Аеродром деновиве ги подготвува фонтаните низ парковите за нивно пуштање во функција. Се отстрануваат оштетените плочки и други дотраени делови од фонтаните и се заменуваат со нови, а се поставува и нова хидроизолација“, соопштија од Општината.

Share
Scroll to Top