Усвоена програмата на Советот на потрошувачи на Град Скопје

пред 2 години

Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје кој се грижи за решавање на проблемите што граѓаните ги имаат при користење на услугите од претпријатијата и установите што вршат јавни услуги, и се грижи за унапредување на односот на вработените кај давателите на услуги спрема корисниците на услуги, ја одржа втората седница, на која ја разгледа и усвои програмата за работа, чија основна цел е подигање на нивото на заштита на потрошувачите на територија на Град Скопје.

Основна цел на Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје е да се грижи за заштита и остварување на правата на потрошувачите на ниво на Град Скопје во однос на заштитата на здравјето, безбедноста, економските интереси и за нивното редовно информирање во остварувањето на нивните права.

Советот, како што појаснуваат, ја проучува постојната правна регулатива и предлага соодветни измени во областа на правната заштита на потрошувачите.

Share
Scroll to Top