Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвиненија против вкупно 9 лица, од кои шестмина македонски државјани, двајца швајцарски државјани и една државјанка на Република Босна и Херцеговина кои се обвинети дека во одделни настани сториле кривично дело – фалсификување исправа.
Имено, на скопскиот аеродром тие прикажувале како вистински, лажни потврди за негативни ПЦР тестови за коронавирус, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје.
На странските државјани, врз основа на признание на вина, судот веќе им изрече пресуда со која ги прогласи за виновни и им изрече условна осуда – казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од три години не сторат ново кривично дело.
Исто така, изречена им е и казна протерување на странец од земјата во траење од пет години.