Утре автобусите на ЈСП ќе возат по неделен возен ред

пред 3 години

ЈСП информира дека утре, вторник, 8 декември, кој е неработен ден поради државниот празник Св.Климент Охридски, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурни ќе бидат три билетарници, од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а отворена од 7 до 13 часот ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

ЈСП потсетува дека и натаму не сообрааќаат автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), а не работи ниту Жичарницата.

Сѐ уште времено е укинато бесплатното возење за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела.

Share
Scroll to Top