Утре двочасовен прекин на електрична енергија во дел од Бунарџик

пред 3 години

Утре ќе има двочасовен прекин на електричната енергија за одредени скопски компании во Бунарџик, информира ЕВН Македонија.

„Во среда на 13.10.2021, екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија. Следствено на тоа, од 08:10 до 10 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат следните скопски големи потрошувачи и улици: Ван Хол, Дура 1, Дура 2, Мурат, Пурпласт, Герешајмер и уличното осветлување во Технолошко индустриска развојна зона 2 (ТИРЗ 2) во Бунарџик“, се наведува во информацијата.

Share
Scroll to Top