Утре и задутре многу топло и нестабилно, со пороен дожд и грмежи

пред 4 години

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 33 степени.

И во недела во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Температурата утре и во недела ќе биде пониска за неколку степени. Услови за изолирана појава на нестабилност ќе има и во понеделник. Потоа следува период на стабилно време.

Share
Scroll to Top