Министерството за внатрешни работи известува дека утре, 17 април, со почеток од 15.00 часот и задутре, 18 април, со почеток од 13.30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба.
Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации.
Во рамките на вежбата ќе има зголемен број полициски службеници и возила и ќе се слушаат звуци на користење на огнено оружје.
Текстот Утре и задутре симулациска вежба на македонската полиција на охридскиот аеродром е превземен од МАКФАКС.





