Утре претпладне сончево, а попладне пороен дожд и грмежи

пред 3 години

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ=8

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 31 степен.

И во понеделник во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и услови за појава на град.

Од вторник следува стабилизирање на времето со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Share
Scroll to Top