Утре претпладне сончево, попладне локален дожд

пред 3 години

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.

Ќе има услови и за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. УВ=7

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во Скопската Котлина ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 36 степени.

Од четврток повторно ќе биде стабилно и топло, но со просечни температури за овој период од годината.

Share
Scroll to Top